(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Самоволие на директорите на училиштата во Прилеп

Од:

„Самоволието и неодговорното работење на директорите на училиштата во Прилеп, отвори многу болни прашања и целосно го деградираше образовниот процес.

Заради криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ јазот во образованието се повеќе се продлабочува.

Последните информации говорат дека поради судски спор, вработените во ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп, на извесен период биле оставени без платени придонеси за здравствено осигурување, со што морале приватно да плаќаат за здравствени услуги“, рече Леонардо Ковилоски – Регионален координатор за образование на СДСМ.

„Дополнително, јавноста бара разврска на скандалот со анкетните листови и одговори од директорката на ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп, Марија Дулеска, дали постоело незаконско прибирање на матични броеви и други лични податоци од наставниците и професорите во училиштето „Блаже Конески“?

Овој скандал добива уште поголема димензија со фактот дека Министерството за информатичко општество и администрација не испратило такви формулари.

Напоменуваме дека никој и по никаков основ, нема право да прибира матични броеви од граѓаните.

Доколку навистина се собирале матичните броеви на вработените во ООУ „Блаже Конески“, направено е флагрантно кршење на законот за заштита на личните податоци, за што директорката Дулеска мора да сноси лична одговорност, а оправдано се отвора сомнеж за можна злоупотреба на податоците во изборни цели!

СДСМ нема да дозволи партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат над интересите на учениците и нивните родители!

Го повикуваме Државниот инспекторат веднаш да изврши увид и да ги констатира состојбите во ООУ „Блаже Конески“, а директорката веднаш да поднесе оставка или да биде разрешена.

Истовремено ги повикуваме надлежните институции да проверат како директорот на ОУ „Страшо Пинџур“ во с. Мало Коњари, Зоран Петрески, го спроведува тендерот за превоз на ученици и дали има непотизам во постапката?

ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за бизнис интересите на фамилијата. Интересите на граѓаните не се важни за нив.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на реалните проблеми на граѓаните“, изјави Леонардо Ковилоски – Регионален координатор за образование на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните