(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Пријавите за злоупотреби и криминал во старски дом Прилеп да добијат судска разрешница

Од:

„Сите евидентирани злоупотреби и криминал со парите од граѓаните од страна на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, мора да добијат судска разрешница.

Бараме Основното јавно обвинителство веднаш да се зафати со расчистување на кривичните пријави против Марјан Ристески и поранешните директори на домот за стари лица – Ирена Стерјовска Локвенец и Дарко Рибароски, за кои вчера актуелниот директор на старскиот дом ја извести прилепската јавност.

Веднаш да се расчистат сите индиции од кривичната пријава дека поранешниот директор Дарко Рибароски и фирмата „Марфил“ го оштетиле домот за стари лица за повеќе од 300.000 денари, со тоа што изготвувале фиктивни фактури за наводна испорака на прехранбени производи на домот, кои никогаш не пристигнале во оваа јавна општинска установа.

Прилепската јавност е згрозена од информациите за злоупотреба на народните пари и пензиите на штитениците згрижени во домот, кои што долго време биле оставани без квалитетна храна и лекови, без соодветна медицинска заштита, без греење и во катастрофални услови за сместување.

Обвинителството мора да го расчисти и сомнежот за злоупотреба на службената положба на Марјан Ристески, дека именувањето на претседателката на Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, за директорка на старскиот дом „Киро Крстески- Платник“, било спротивно на посебните услови од објавениот јавен конкурс.

Исто така, очекуваме дека надлежните институции ќе утврдат на кој начин поранешниот градоначалник Марјан Ристески, му овозможил на Дарко Рибароски, надвор од сите законски рокови, повеќе од 6 години да ја извршува функцијата ВД директор на домот за стари лица?

Граѓаните на Прилеп сакаат да знаат како тоа поранешните директори на прилепскиот дом за стари лица, и покрај партиципацијата на штитениците на домот и субвенциите кои им ги доделувала Општина Прилеп, успеале да направат загуби од 15 милиони денари?

Ова се само мал дел од прашањата чии одговори пошироката јавност во најскоро време мора да ги дознае. Уставот и законите во Република Македонија важат подеднакво за сите. Обвинителството и судските органи треба и мора да го докажат тоа!“, изјави Александар Китаноски – Член на Советот на Општина Прилеп, од редовите на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници