(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Праведен данок за праведно општество

Од:

„Власта нема што да им понуди на прилепчани. Вчерашниот митинг на ДПМНЕ, кој беше полн со навреди и ниска реторика, е потврда за тоа.

Најповиканите за бедата и сиромаштијата во Македонија, Груевски и Ставревски, не понудија ниту една сериозна мерка за подобрување на социо-економскиот живот на ѓраните на Прилеп.

Прилепчани не добија одговор на суштинските прашања:

Каде се ветените странски инвестиции, фабриките со стотици нови работни места во слободната економска зона кај Алинци во Прилеп, како и новите погони и фирми во индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 2 ?

Зошто во Прилеп нема ниту една странска инвестиција, а имаме министер за странски инвестиции?

Зошто стопанството пропаѓа, дуќаните се затвораат, малите и средни бизниси се гасат?

Наспроти популизмот на ДПМНЕ, ние нудиме програма со која во еден мандат ќе ја вратиме средната класа и ќе обезбедиме подобар и поквалитетен живот.

За таа цел, предвидуваме целосна реформа на даночниот систем и праведни даноци.

Покрај мерката за поврат на 15%ДДВ, што ќе значи 130 милиони евра назад во рацете на граѓаните, ќе воведеме и праведно оданочување. Односно, повисок данок за најбогатите, а намалување на данокот за сите останати.

Граѓаните кои остваруваат годишен приход до 720 илјади ден. ќе плаќаат персонален данок на доход од 9%, а оние кои имаат приход над тоа, ќе плаќаат 18%.

На сите редовно вработени, кои имаат плата до 12.000 ден. владата на СДСМ ќе им го враќа платениот персонален данок на доход.

На домашните инвеститори ќе им овозможиме еднакви услови, поволности и даночни

олеснувања, како и оние на странските инвеститори во развојните зони.

Предвидуваме 3 годишно ослободување на данок од добивка на повратници од странство, доколку своите заштеди ги вложат во отворање на бизнис, како доминатни сопственици на постоечко претпријатие во Македонија.

Исто така, на 3 години ќе бидат ослободени од данок на добивка, фирмите кои дополнително ќе вработат 50 лица на неопределено време.

Намалување за 50% на данокот на добивка на микро и мали претпријатија, во годината кога ќе вложат во основни средства за дејноста која ја вршат. Време е за праведно општество“, рече Александар Џагадуроски – Кандидат за Пратеник во И.Е. 4.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време