(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Нарушена безбедноста на прилепчани

Од:

„Долгогодишната злоупотреба на МВР од страна Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, резултираше со нарушена безбедност и сигурност на граѓаните на општина Прилеп!

Само за еден месец, во Прилеп се случени огромен број на разбојништва и кражби, од коишто една со украдени 47 илјади евра, а друга со 30 илјади евра“, рече на денешната прес конференција Миле Талевски – член на Советот на Општина Прилеп.

„Разочарувачки и поразително делува фактот што најголем дел од овие кражби, се уште остануваат не разрешени, што укажува на сериозна нестручност и непрофесионалност во работата на полициската станица во Прилеп.

Очигледно, брзањето на власта да „вдоми“ што поголем број на партиски членови во МВР, како и маргинализирањето на професионалниот кадар, доведе до аматеризам во работата на прилепската полиција.

Дали Државниот секретар на МВР, прилепчанката Анастасија Илиоска, чувствува лична одговорност за влошената безбедносна состојба во Прилеп, како резултат ново вработениот несоодветен кадар во полицијата?

Зошто веќе подолг период, полициската станица во Прилеп е оставена со ВД командир, кој не е назначен од Советот на општина Прилеп?

Граѓаните на Прилеп, веруваат во новиот министер на МВР, Оливер Спасовски и во него гледаат последна надеж за подобрување на безбедносната состојба.

Прилепчани очекуваат мерки и одлуки за промена на кадровската политика во прилепската полиција и зајакнување на професионализмот!

Тоа ќе наиде на позитивен одѕив од страна на граѓаните и ќе значи враќање на довербата во полицијата“, рече Миле Талевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата