(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Ќе го изградиме автопатот Велес-Прилеп-Битола

Од:

„Вчера Прилеп се охрабри. Прилепчани масовно кренаа глас против злоделата.Никој неможе и несмее да ја погази вашата воља за подобар живот. Јасно е, ПРОМЕНИ ќе има!

Искрено Ви благодариме на поддршката и за храброста што излеговте во огромен број и покрај сите притисоци и закани од власта!

После 8 години власт на ВМРО ДПМНЕ и потрошени 15 милијарди евра државен буџет и над 130 милиони евра општински пари, Прилеп е доведен во агонија“, изјави Сашо Велески, Претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

„Ниту еден суштински проблем не е решен. Сиромаштијата е на рекордно ниво, стопанството е исцедено од казни, нема ниту една странска инвестиција во градот, ниту нови работни места, а младите заради сето ова бегаат што подалеку од Прилеп и Македонија.

Згора на се, власта на ВМРО-ДПМНЕ со години ги лаже прилепчани и не го направи автопатот Прилеп-Велес.

Ние понудивме чесна, искрена програма, со која се обвразвме да ги враќаме парите назад кон граѓаните и фирмите, но и со инфраструктурни проекти да овозможиме развој на бизнисот и економијата во Прилеп и регионот. Во контекст на ова:

–      Ќе го изградиме автопатот Велес-Прилеп-Битола! Ова е стратешка одлука за економски развој на целиот овој регион, во кој гравитираат над 450 илјади граѓани

–      Паралелно со автопатот, ќе се гради и дополнителна инфраструктура – водоводот извор Бабуна-Прилеп, гасоводна мрежа и нов оптички кабел. Со ова изградбата на автопатот ќе создаде и друг вид на додадена вредност, затоа што ќе се намалат трошоците за изградба на овие проекти, доколку би се граделе поединечно.

–      Проект„Македонија без кал“ – патно поврзување и нормален живот во руралните средини.

–      „Македонија мегалополис“ – проект за патно поврзување на најголемите градски центри во Македонија, што ќе значи патување за не повеќе од 90 минути.

Почитувани сограѓани,

За нас дадениот збор е света обврска. Идната Влада на СДСМ ќе ја врати средната класа и суштински ќе го подобри животот на прилепчани!

Ве повикувам и ве охрабрувам, во Недела на 27-ми Април, дајте шанса на Промените, гласајте со своја глава. За Вашата и иднината на вашите деца!

На кандидатската листа за пратеници заокружете број 1 за Промени, а бројот 3 за Стево Пендаровски, затоа што Македонија заслужува Претседател“, рече Сашо Велески, Претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он