(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Груевски поттикнува насилство за спас од криминалната одговорност

Од:

„Поттикнувањето насилство, поделби и омраза, немаат никаква врска ниту со државните интереси, ниту со интересите на граѓаните.

Очајни се обидите на Никола Груевски, преку ангажирање на локални криминалци и нивно праќање во домовите на секој кој мисли различно од него, да се обидува да креира атмосфера на страв.

Крајно време е Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да се затскриваат зад наводно спонтани граѓански протести.

Единствената цел на оваа валкана пропаганда, заплашување и хушкање народ против народ, е спас од кривична одговорност за криминалот, корупцијата и кражбата на народните пари, што со години ги вршеше власта во заминување.

Ги повикуваме граѓаните на Прилеп да останат мирни и спокојни.

Ниту Устав ќе се менува, ниту име ќе се продава, ниту ќе има какви било федерализации или кантонизации, кои се само во главата на Груевски.

Но, ќе има конфискација на сиот стекнат криминален имот. Ќе има и кривична одговорност и казни за злоделата и злоупотребите.

Над 700 илјади граѓани се изјаснија за промени и за концептот Едно општество за сите.

Демократските процеси се незапирлив процес.

Ќе има нова реформска и одговорна влада, која ќе обезбеди живот за сите граѓани, стабилност и просперитет во Република Македонија“, изјави Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати