(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Домот за стари во Прилеп без директор и во долгови

Од:

„Домот за стари лица Киро Крстески – Платник во Прилеп, власта во заминување целосно го заглави во долгови и го остави без директор.

Неисплатените долгови и долгогодишното недомаќинско работење на поранешниот директор Дарко Рибароски, резултираа со повторно блокирање на сметката на овој Дом“, рече Еленче Ташкоска – член на Совет на О.Прилеп, од редовите на СДСМ.

„Околу 130 штитеници, најголем број болни, стари и изнемоштени лица, се оставени во крајно нехумани услови, со намалена исхрана, недоволен број на лекови, намалено греење, на моменти без основни хигиенски средства.

Ваквиот третман на пензионерите и штитениците, кои за својот престој во домот издвојуваат значителна сума на пари, е под секое човечко достоинство и срам за било која институција.

Дали се точни информациите дека по смената на поранешниот директор Рибароски, никој не се пријавува на конкурсот за директор, а двајца кандидати експресно го одбиле ова место, откако ја увиделе катастрофалната финансиска состојба.

Поранешниот директор Рибароски, потрошил 1.241.000 денари кои со предпоследниот ребаланс на буџетот, Советот на Општина Прилеп ги додели на овој Дом, а ништо суштински не е инвестирано во домот.

ВМРО-ДПМНЕ е директен и единствен виновник за оваа состојба. Оваа партија мисли само на своите бизнис и партиски интереси и воопшто не води грижа за граѓаните, пензионерите и старите лица.

После заминувањето на оваа власт, следната година, следуваат промените. СДСМ ќе ја подобри социјалната слика во Прилеп и ќе обезбеди достоинствени услови за грижа на пензионерите и старите и изнемоштени лица“, изјави Еленче Ташкоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски