(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Директорот на прилепската гимназија брзо ќе се соочи со законот

Од:

„Во очај од поразот и слабата поддршка кај прилепчани, ВМРО ДПМНЕ ги злоупотребува учениците и образовните установи.

Кирил Николоски, директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, кој вчера вршеше директен притисок врз учениците да протестираат наместо да следат настава, многу брзо ќе се соочи со законот!

Злоупотребата на учениците во партиско – политички цели е кривично дело и за ова ќе се одговара! Револтот на родителите и јавноста од ваквото безобразно и противзаконско однесување на директорот, е целосно оправдан!

Прилепската гимназија не е приватно – партиска фирма на ВМРО-ДПМНЕ.

Партиските директори како Кирил Николоски се срам за образованието во Прилеп и Македонија.

Наместо да шири лажен патриотизам, Кирил Николоски, да одговори дали тој го газеше македонското знаме на прославата на Илинден во Крушево?

Ниту Кирил Николоски, ниту било кој друг директор од прилепските училишта, нема право да ги злоупотребува децата во заштита на криминалните цели на Груевски и фамилијата.

После сето ова, Кирил Николоски, нема ниту малку морален кредибилитет да раководи со прилепската гимназијата.

Градоначалникот Марјан Ристески, кој е исто толку одговорен за катастрофалните состојби во образованието, мора веднаш да го разреши директорот на прилепската гимназија!

Очекуваме уште денес Државниот просветен инспекторат, Народниот правобранител, Основното јавно обвинителство и сите надлежни институции да покренат постапки за одговорност на Кирил Николоски“, изјави Миле Талевски – Член на Совет во Општина Прилеп од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено