(ВИДЕО) СДСМ: Претставка за спречување на штетните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ за скопјани

Од:

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери, денеска на Градоначалникот на Град Скопје му доставува Претставка за да се спречи прогласување на незаконска одлука на штета на граѓаните на Скопје.

„На последната седница на Советот на Град Скопје, мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука со која се овозможува на Рудници и Железарница АД Услуги да користи чиста вода за пиење и за технолошкиот процес по цена 10 пати помала од цената на водата што ја плаќаат граѓаните на Скопје.

Граѓаните на Скопје да плаќаат 29,59 денари за метар кубен вода, а за овој правен субјект Управниот одбор на ЈП Водовод одредува цена од само 2,54 денари.

Дополнително, вака ниската цена што ја одредил Управниот одбор на ЈП Водовод, е 23 пати помала од цената за вода што ја плаќаат болниците, училиштата, градинките и другите правни субјекти во Скопје.

Не помогна укажувањето од страна на советниците од опозицијата за штетата врз граѓаните и незаконитоста на одлуката. Не беше прифатено ниту појаснувањето на Правниот сектор кој јасно укажа дека одлуката е незаконска.

Очигледно на овој незаконски начин некој ги штити бизнис интерсите на поединци блиски до власта.

За да ги заштитиме интересите на граѓаните, согласно Законот за локална самоуправа бараме од Градоначалникот на Скопје оваа одлука на мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ да не ја прогласи и да не ја објави во Службен гласник на Град Скопје. Односно, да ја оквалификува за ништовна, да ја стави вон сила и да ја врати на Советот на укинување.

Очекуваме дека Градоначалникот ќе ја искористи надлежноста и ќе постапи според обврската и оваа погрешна и незаконска одлука ќе ја оспори.

Во спротивно ќе бидеме приморани да ги користиме останатите правни механизми пред Управниот суд но и пред Уставниот Суд на РМ.

Според Законот за води, водата како јавно добро е сопственост на Република Македонија а водата како надлежност му е дадена на ЈП Водовод.

Советот на град Скопје има надлежност да носи ценовник којшто ќе важи за сите корисници, не за поединечни. Рудници и Железарница АД Услуги има обврска да плаќа вода исто како и секој занаетчија, секоја болница, секое училиште или градинка, а тоа е по 68,5 ден+ ДДВ“, изјави Драги Давчевски, советник од Советничката група на СДСМ и коалиционите партнери во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците