(ВИДЕО) СДСМ: Претходната локална власт во Прилеп набавувала нафта без евиденција за прием и без попис на крајот на годината

Од:

Валентин Божиноски, Член на Совет на Општина Прилеп од редовите на ОО СДСМ Прилеп, денеска на прес-конференција изјави дека и полицијата го констатирала тоа што го тврделе додека биле во опозиција, дека локалната власт на чело со Марјан Ристески тргнала по криминалните стапки на Никола Груевски.

– Тврдевме дека извештајот на Државната ревизија, е доказ за криминалното и коруптивно трошење на парите од Општина Прилеп. Врз база на извештајот, лани, Општинската организација на СДСМ Прилеп поднесе кривична пријава против тогашниот градоначалник Марјан Ристески и НН лица. Помеѓу другите сомнежи во пријавата, наведовме дека општината набавувала нафта за греење без евиденција за прием на горивото, на залихата што останувала и без попис на крајот од годината. Полицијата, постапувајќи по отворен предмет на Основното јавно обвинителство Прилеп, врз основа на наоди од Државниот завод за ревизија, извршила проверки и констатирала дека во 2015 и 2016 година Општина Прилеп проектирала и набавила далеку поголеми количини нафта за греење од реално потребните, рече Божиноски.

Тој изјави дека реалната потреба за набавка на екстра лесно масло за греење изнесувала најмногу 10.000 литри по грејна сезона, сепак а 2015 и 2016 година општината исплатила вкупно 66.725 литри повеќе, без реално оправдување за таквата количина.

– Врз база на овие наоди, до Основното јавно обвинителство, полицијата поднесе Известување за постоење на основи за сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ против:
-Марјан Ристески – поранешен градоначалник на Општина Прилеп;
-Дарко Рибароски – раководител на одделение за општи и заеднички работи при локалната самоуправа;
-Кире Н. – домар и лице задолжено за прием и надзор на набавката;
-Александар Талимџиоски – секретар на Општина Прилеп
Спротивно на одредбите на Законот за финансирање на локалната самоуправа и на Законот за извршување на буџетските средства, наменските средства за греење на општината биле проектирани на ниво далеку од реално потребното, при што пријавените, секој во рамки на своите надлежности во текот на 2015 и 2016 година, предизвикале штета на буџетот на Општина Прилеп во вкупен износ од околу 41.000 евра, рече Божиноски.

Тој рече дека Македонија станува правна држава со нулта толеранција за корупција, во која секој што ги прекршил законите ќе одговара.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски