(ВИДЕО) СДСМ: Премиерот, министрите, директорите и јавниот сектор да земаат минимална плата од 14.500 денари

Од:

СДСМ изготвил низа економски мерки кои ќе ги достави до Владата, а со цел да им се помогне финансиски на граѓаните и на фирмите кои се погодени од кризата поради коронавирусот.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, рече дека станува збор за мерки од околу 200 милиони евра за поддршка на граѓаните и на стопанството. Дел од мерките предвидуваат сите функционери и раководители да земаат минимална плата од 14.500 денари за април и за мај.

Тука влегуваат сите избрани и именувани функционери и раководители на државно и на локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, министри, градоначалници, директори, раководители, судии и обвинители.

Истото важи и за сите вработени во јавен сектор.

„Вработените во се она што се смета за јавен сектор, јавна администрација на државно и локално ниво ќе земат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај“, рече Заев.

Оваа мерка не се однесува на вработените лекари и медицинскиот и помошен персонал, полицајците и војниците и тие што работат со нив и околу нив, за помагање за справувањето со коронавирусот.

„Во вакви времиња, најповикани сме на солидарност. Подобро да издржиме два месеци, солидарно, на минимална плата, отколку да дозволиме крах на економијата и последици по сите“, рече Заев.

Понатаму, СДСМ предлага претседателите и членовите на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции да работат без надоместок.

„Мерката предвидува претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршната и локалната власт, како и претседатели и членови на советите на општините, и претседатели и членови на комисии формирани од извршната и локалната власт кои се истовремено некаде вработени, нема да земат никаков надоместок за месеците април и мај. Ова не е време за екстра надоместоци“, вели Заев.

При исплата на платите и надоместоците, заштедите кои ќе се постигнат, задолжително, сите јавни и државни субјекти се предлага да бидат уплатени во таканаречен фонд за борба против корона (Корона фонд) отворен во рамки на Буџетот на Владата.

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски