(ВИДЕО) СДСМ: Попоски не се огради од гафовите на амбасодарката во Хрватска која мора да се отповика

Од:

„Оваа среда Комисијата за надворешна политика на СДСМ ќе разгледува неколку модели за реорганизација на дипломатската служба.

Целта ќе ни биде Република Македонија да добие дипломатија каква што заслужува и каква и е неопходна за да го поврати својот меѓународен углед и европските и НАТО аспирации“, рече на денешната прес конференција Виктор Габер, член на Комисијата за надворешни работи на СДСМ.

„За жал, последниве 9 години дипломатијата е во постојан слободен пад. Немаме јасна надворешна политика, само формално имаме стратешки цели, изостануваат приоритети, земјата е `се повеќе изолирана, а амбасадори стануваат поединци без ниту еден ден дипломатско искуство.

Причината за сево ова се партиските и приватните врски кои диктираат `се во надворешната политика, а цената ја плаќаме сите ние и Македонија која ја срамат на секој чекор неодговорни политичари и аматери-амбасадори.

Доволно е да се погледне само еден пример: нашата амбасадорка во Хрватска за да се види колку работата е излезена од контрола.

Пред неколку месеци, амбасадорката Караѓозоска, само една од оние кои без ден дипломатско искуство беше партиски наградена во највисоката дипломатска фунцкија, пред очите на јавноста во Македонија и Хрватска, ја злоупотреби својата функција за да застане во партиска одбрана на тогашната министерка Јанкулоска. Таа се впушти во одбрана на неодбранливото и прекрши повеќе членови на Виенската конвенција.

И не беше само тоа. Јавноста во Македонија секојдневно е информирана за серија гафови на Караѓозовска со кои се срами себе си, но пред се Македонија: од испраќање на ноти до медиуми, себе-титулирање со Н.Е и вербални напади врз Македонци кои живеат во Хрватска… се до злоупотреба на државен имот за приватни цели и парадирање по социјалните медиуми со службени автомобили.

До денес, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, јавно не се огради од ваквите испади на амбасадорката, па дури не ја повика ни на консултации во Македонија. Само за потсетување, порано, доволен беше еден коментар за партиските состојби во СДСМ за Владата на Груевски да поведе постапка за отповикување на поранешниот амбасадор на Република Македонија во САД. Тогашниот принцип во кој се колнеа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ денеска го забораваат и молчат.

Ова со Караѓозоска е само еден од примерите кои покажуваат дека Владата во заминување ја осакати дипломатијата, претварајќи ја во партиско-семејна мрежа на која Македонија и е на последното место на приоритети“, изјави Габер.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата пола ни се исели, а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

А1он

Шукова: Градот го претворија во џунгла

А1он

Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

А1он

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова: Скопје мора да се развива паметно, не може веќе да се бориме со хаосот, скопјани заслужуваат многу подобро

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Горан Наумовски