(ВИДЕО) СДСМ: Половина од дрвјата не се фатиле, а отишле над 4 милиони евра?

Од:

„Садењето дрвја е благородна активност, ако таа е реална и има резултати за животната средина. Но што се случува во Македонија?

Власта ги задолжи граѓаните со огромни суми пари за активност од којашто не само што нема ефекти, според достапните информации, туку шумскиот фонд дури се намалува“, изјави Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање при СДСМ.

„Според официјални податоци од Државниот завод за статистика, за 4 години, откако почнала акцијата “Ден на дрво“, шумскиот фонд наместо да се зголеми, се намалил за неверојатни 50 проценти. Од пошумени над 2800 хектари во 2008 година, кога почна акцијата – во 2012 година пошумената површина се намалила на нецели 1400 хектари.

А овој “Ден на дрво“ досега однел околу 4 милиони евра пари на граѓаните на Република Македонија! И тоа само според пресметки од достапните податоци. Според буџетските ставки за оваа намена, од 2008 до 2010 година 1.5  милион евра пари на граѓаните се дадени за пошумување, а од 2011 година власта воопшто не предвидува пари во Буџетот за овој ден. За “Денот на дрвото“ Владата ги задолжува граѓаните кај ЈП Македонски шуми и тој долг, заклучно со 2013 година, според најновиот ревизорски извештај изнесува над 150 милиони денари или над 2.5 милиони евра!

Владата е должна да им одговори на граѓаните:

-Каде се овие 4 милиони евра народни пари?

-Дали е точно дека Инспекторатот за шумарство при контрола на засадените површини утврдил дека ниту половина од засадените дрвја не се фатиле, ниту виреат?

Во меѓувреме, за последниве 9 години, Скопје остана без половина градско зеленило.

Во последните две – три години исечени се низа на паркови и зелени површини:

  1. Паркот спроти х. Бристол, за административна зграда;
  2. Два парка спроти Старата железничка станица;
  3. Паркот пред Домот на АРМ ;
  4. Паркот Жена Борец за десетици споменици;
  5. Паркот пред КИЦ, за катна гаража;
  6. Паркот зад Собранието на РМ, за катна гаража;
  7. Двете зелени парцели околу плоштадот Македонија, за хотел и градска куќа;
  8. Паркот зад главната пошта, за барокна катна гаража;

Набројувањето за жал не завршува тука, а последиците не се само уништување на традиционални вредности, не се само финансиски, не се само лажни претстави, туку и огромно загадување со алармантни последици по здравјето на граѓаните. Градовите под Водно, Шара и Пелистер се вбројуваат меѓу најзагадените градови дури и во Европа.

За сето ова СДСМ бара одговори и одговорност од Владата“, рече Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање при СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он