(ВИДЕО) СДСМ: Платениците на Груевски вчера ја убија демократијата

Од:

„Вo текот на вчерашниот ден приврзаниците од владејачката партија посегнаа по сопствениот народ.
Вчера првенците на ДПМНЕ ги загрозија животите на двете пратенички од нашата ОО , Маринела Тушева и Билјана Казанџиска. Вчера административните буржуи на Груевски го понижија и омаловажија македонскиот народ. Дел од тие административни буржуи се и наши сограѓани. Наместо да бидат на своите работни места и да им служат на штипјани во областите за кои се задолжени, вчера штипските платеници на Груевски крвнички ја убија демократијата во нашата земја“, рече Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

Станува збор за локалните првенци на ДПМНЕ: претседателката на Советот на општината, директорите на јавните претпријатија „Исар“ и „Штип Проект“, директори на училишта, професори.

Вчера голем дел вработените во општинската јавна администрација , образованието и јавните задравствени установи , како партиски послушници не беа на своите работни места ,само за да буткаат партиска агенда. Тие на своите граѓани им испратија насилнички и вандалски пораки.

Вчерашните случувања пред Собранието нè уверија во она во што одамна се сомневавме: дека припадниците на владејачката партија се насилници и нелуѓе, со кои не може да се оствари комуникација на достоинствено ниво.

Затоа денеска нема да присуствуваме на денешната седница на Советот на Општина Штип.
Насилниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги оставиме сами да си изгласаат криминален буџет на општина Штип, исто како што тоа го направија вчера во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он