(ВИДЕО) СДСМ: Пациенти во потрага по тоалети

Од:

„Во здравствениот дом во Крива Паланка ги нема основните услови за пациентите и за работа на вработените.

Оперираните пациенти од хирургија се приморани да користат тоалети на одделението за интерна медицина.

Пациентите од одделението за лабораторија, со шишенца со урина се шетаат по болничките ходници, до тоалети на детското одделение.

Каде е овде медицинската превентива да не се мешаат возрасни пациенти со најчувствителната категорија, деца, згрижени на детското одделение?

Тоалети на одделенијата за лабораторија и на хирургија постојат, но се под клуч“, рече Даниела Велковска, координатор на Форум на жени на СДСМ Крива Паланка.

„Никола Груевски беше во Крива Паланка пред неколку дена. Дали ова не го виде или не сакаше да го види?

Дали тоалетите се под клуч затоа што не му се исплатени пари на изведувачот?

Пациентите не се должни да ги трпат последниците од неодговорното функционирање на раководството на болницата, поставено од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, со оваа здравствена институција раководи истиот директор, кој имаше низа забелешки пред неколку години од Фондот за здравство, за неправилности во работата и ненаменско трошење на финансиските средства и тендерски постапки со сомнителни рокови“, изјави на денешната прес-конференција, Даниела Велковска, координатор на Форум на жени на СДСМ Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?