(ВИДЕО) СДСМ: Од виртуелните инвестиции на Никола Груевски останаа само празни ливади

Од:

Првата фабрика за чипс во Република Македонија чијашто лента на 9-ти Јануари 2016-та со големо медиумско внимание ја пресече Никола Гуевски, после само еден и пол месец прекина со работа.

Во Македонија, која според манипулаторот Гуевски, е рангирана како 6-та најдобра за водење на бизнис во Европа, а 12-та во светот, фабриките немаат континуирано снабдување со електрична енергија, велат од СДСМ Битола.

Инвестицијата во којашто беа планирани да се вложат 3 милиони евра работеше само неполку месеци.

Од 30-те вработени денес во фабриката има само 5 вработени.

Зошто фабриката повеќе не работи и не произведува чипс!

Од 28-те најавени инвестиции во Жабени до денес нема ниту една!

Од виртуелните инвестиции на Никола Груевски останаа само празни ливади.

Ниедна пропаганда на провладините медиуми, платени со пари на граѓаните, не може да ја сокрие лошата економска политика на Никола Груевски и ВМРО-ДМНЕ во Битола.

На следните фер и демократски избори, СДСМ ќе ја преземе одговорноста, дадена од поддршката на граѓаните.

СДСМ со планот и програмата за нова економска политика гарантира отворање на нови работни места, изедначување на домашните и странските инвеститори, силна финансиска поддршка на малите и средни претпријатија, што ќе придонесе за обновување на домашната економија.

Работниците ќе имаат подобри и поправедни услови за работа. СДСМ ќе ги зголеми минималните приходи на 15.000 денари а просечната плата ќе достигне до над 29.000 денари.

На Битола и се потребни промени и промените ќе се случат. Промени коишто ќе донесат подобар животен стандард и сигурна иднина.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски