(ВИДЕО) СДСМ: Неколку милиони евра е направен грабеж врз граѓаните со „кошничките“ на Мицкоски

Од:

Нашиот народ вели, после свадба – тапани. Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и ефтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација. Самата власт кажа дека нема основа да ги казнува трговиците, власта е таа што им дозволи да ги покачат цените, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

„Граѓаните многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски. Според нашите проценки, повеќе милиони евра е направен грабеж врз граѓаните во изминатиот период, токму заради оваа лоша политика на Мицкоски. Така да оваа штета веќе не може да се надомести. Луѓето се веќе осиромашени за новогодишните празници.

За шест месеци се живее полошо отколку во најголемите економски кризи, кога владата на СДСМ се грижеше за граѓаните. Целата оваа политика е апсолутно којашто е во интерес на бизнисот а не во интерес на граѓаните. Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците што ги остави да ги пљачкаат граѓаните“, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни