ВИДЕО: СДСМ најостро го осудува упадот во партиските простории во Кисела Вода

Од:

Вчера е изврешен упад во просториите на Општинската организација на СДСМ Кисела Вода.

„Насилно се обиени бравите на 6 врати од просториите, украдени се 3 лаптоп комјутери, 2 деск компјутери и еден прожектор. Дополнително оштетени се уште 2 комјутери од коишто се извадени хард дискови и други делови.

Насилниот, криминален чин е пријавен во МВР а за него ќе бидат известени и меѓународните претставници во земјава и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР“, соопштуваат од СДСМ.

СДСМ најостро го осудува овој инцидент и бара МВР да преземе итни и ефективни мерки за откривање на сторителите за нивно соочување со правдата.

„Очигледно е дека враќањето на правдата, слободата и демократијата во Македонија ги прави нервозни криминалните структури во земјава.

Едно треба да им биде јасно на сите: правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот