(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски лажно тврдеше дека бил советник на Груевски без надомест

Од:

„Христијан Мицкоски, во телефонска изјава за еден национален медиум, самиот призна дека земал пари додека бил советник на Никола Груевски.

Ова негово лично признание, потврдува дека Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните. Јавно објавените документи покажуваат дека Мицкоски, додека му бил советник на Груевски, земал пари од Буџетот и тоа ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари.

Додека граѓаните осиромашувале, додека се уништувала економијата и се трупале огромни долгови, граѓаните плаќале 2 милиони денари за Христијан Мицкоски“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.

„Без никаков срам кон оние од чии пари бил плаќан Мицкоски, кон граѓаните, на ТВ дуелот Мицкоски лажно тврдеше дека работел про боно односно без надомест. Вчера, Мицкоски призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски, пари на граѓаните.

Го повикуваме Мицкоски да не се крие зад конфузни соопштенија од неговата партија туку да излеза пред граѓаните и да им се извини.

Христијан Мицкоски е должен да им се извини на граѓаните затоа што ги излажа.

Тоа е најмалку што Мицкоски може да го направи пред граѓаните, пред оние коишто го плаќале неговиот ангжаман како советник тежок 2 милиони денари“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он