(ВИДЕО) СДСМ меѓу загрозените граѓани во пелагониско

Од:

Денеска сме во обиколка на трите најзагрозени општини во пелагонискиот регион, а тоа се Новаци, Могила и Битола, околу коишто се простира обработлива површина од околу 50 илјади хектари. Во името на СДСМ дојдовме да дадеме поддршка и солидарност на згрозените земјоделци и граѓани во овие општини и да ја понудиме нашата помош во рамките на нашите можности, можеме да дадеме логистика, а институционалната одговорност треба да се бара на друго место, рече Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство на СДСМ.

Институционалната одговорност да се бара од власта. Таа беше предупредувана долго време од наша страна дека ќе се случи ова што се случи деновите и во пелагонискиот регион и во југоисточниот и источниот на Република Македонија.

Овде е најзагрозено и можете да видите, не само што се загрозени земјоделците, жителите од селата, не само што е загрозен нивниот добиток, не само што парите им отидоа во вода оваа година, туку и се отсечени и цели села. Ова позади е селото Радобор коешто е отсечено од општината Могила.

SDSM, Mogila.

Нашите предупредувања одеа во насока дека треба да се исчистат каналите во водоводната мрежа, дека треба да се исчистат речните корита и дека со време треба да се градат системи за наводнување. Така земјоделските површини ќе беа зачувани, сега овој период од поплави, а од летниот период ќе имаа вода за наводнување. Меѓутоа домаќинлакот на оваа Влада за 8 години денес може да се види.

Mogila

Ја користам можноста при оваа обиколка да кажам дека ние како партија имаме сериозна намера да им помагаме на луѓето, тука сме, на располагање, да им кажеме и да им понудиме она што како политичка партија и како стратегија го нудиме, а тоа е дека, многу повеќе ќе се грижиме за нив, во делот на нивното секојдневно живеење, во делот на нивната земјоделска дејност и во делот на нивната заштита и на имотите и на материјалните добра и на земјоделските површини.

Го повикувам по овој повод и министерот Миле Јанакиески, и го прашувам, зошто денеска, токму денеска, реши да ги става 10-те илјади вреќи песок на поплавените подрачја. Денеска е премногу касно. Денеска нема никаков ефект од целата таа работа.

Иванов, денеска дојде да ги посети луѓето, меѓутоа, сметаме дека требаше војската да ја прати многу порано на овие места.

Mogila, SDSM

Исто така, го повикувам во оваа прилика и министерот Михаил Цветков, и сакам да го прашам што мисли, како потребата од житни култури, од нашата основна храна, лебот, оваа година, бидејќи ќе имаме многу лошо производство, да ја надокнади и на кој начин мисли да ги обештети земјоделците, на кој начин мисли да го обезбеди лебот за граѓаните на Македонија.

Оваа површина овде, пелагониската, е скоро 20% од целата обработлива површина во РМ и токму поради тоа, апелираме дека време повеќе за чекање нема, треба она што можат барем да го спасат, како власти, како институции.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од опозиција глуми лажна грижа за граѓаните и економијата

(ВИДЕО) Битиќи: Политиките на Мицкоски се неуспешни, тоа го потврдува и Светската банка

СДСМ: Владата итно да го повлече Бојан Христовски од функцијата директор на АНБ

Горан Наумовски

Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави партиски функционер како Виктор Димовски

СДСМ: Бараме разрешување на Христовски од АНБ, тој е партиски кадар и пропагандист на ДПМНЕ

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година