(ВИДЕО) СДСМ: Македонија нема договор со САД – чии сметки крие Груевски?

Од:

Ова е федералниот американски закон за Даночна усогласеност на нерезидентни сметки (US Foreign Account Tax Complience Act FATCA). Според тој закон сите државјани на САД, вклучително и оние кои живеат надвор од САД, мора да ги пријават сите свои банкарски сметки вон САД од даночни причини, рече Тихомир Илиевски, член на Комисијата за надворешни работи на СДСМ.

Дополнително, законот предвидува обврска за странските финансиски институции да ја информираат американската даночна управа за сите нивни американски клиенти, додаде тој.

Целта на законот била да се оневозможи криењето на имот од страна на американски граѓани во офшор сметки и корпорации и да се ограничат можностите за даночни прекршувања.

Овој закон е понуден како основа за меѓудржавен договор и на други влади и држави.
52 држави веќе го потпишаа ваквиот билатерален договор со САД, додека уште 60 држави постигнаа суштински договор во иста насока и започнаа процедура за потпишување и приклонување кон договорот.

Сите ЕУ членки тоа го сторија. Државите од нашето соседство тоа го сторија: Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Хрватска. Македонија ја нема на овој список. Нашата држава нема дадено поддршка за спроведување на овој закон.

Владата на Груевски мора да одговори чии пари и сметки ги крие?

Владата на Груевски мора да одговори зошто не се приклучи на земјите од соседството и зошто не прифаќа закон на нашиот стратешки сојузник САД?

Зошто македонската влада застана на страна на даночните прикривачи?

Бараме јасни и директни одговори. Дали ги крие сметките на министрите со двојни пасоши? Дали заштитува даночни престапници? На кои поединци или фирми им овозможува да не плаќаат данок? Кои бизнис интереси им се побитни од Македонија и нејзините стратешки односи со САД? Кои нерезидентни сметки ги крие Груевски?

Непотпишувањето на овој договор може негативно да се одрази и на економската соработка со САД, бидејќи законот предвидува американската УЈП да може да пресмета данок од 30% на сите трансфери кон земји кои нема да пристапат кон законот.

Очигледно, Груевски ги казнува македонските граѓани кои ги почитуваат законите, за да ги заштити своите или бизнис интересите на блиските до себе.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар