(ВИДЕО) СДСМ: Кривична пријава за Командирот на полицијата во Велес од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Незаконското работење и злоупотребите на службената положба од страна на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ не престануваат. Незаконското работење е одлика на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еден функционер од ВМРО -ДПМНЕ работел незаконски, рекоа на денешната прес конференција на ОО СДСМ Велес.

Имено, Министерството за внатрешни работи до Основното Јавно Обвинителство – ВЕЛЕС поднесе кривична пријава против полицискиот службеник – Командир на ПС – ОН Велес, Командирот Д.Ѓ. за сторено кривично дело ,,Несовесно работење,, од член 353-б од Кривичниот законик.

Командирот на ПС Велес работел спротивно на законот и неговите службени овластувања и не превземал службени дејствија што бил должен да ги превземе согласно неговите работни задачи.

Постои основано сомневање дека тој спречил да се процесуираат 16 изготвени барања за поведување прекршочна постапка, за констатирани прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, против сторители на прекршоци, за кои, во прилог на изготвените барања биле обезбедени и соодветни докази.

Иако во службената евиденција на МВР- СВР Велес, односно, во полициските уписници е заведено дека изготвените барања се процесуирани до Секторот за прекршоци – Велес и Основниот суд – Велес , од добиените службени известувања од наведените органи – произлегло дека изготвените барања за поведување прекршочна постапка , воопшто не се доставени до надлежните органи и не се процесирани .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата