(ВИДЕО) СДСМ Крива Паланка: Врие во воспитно – образовните институции во Крива Паланка

Од:

„Сакаме да ве информираме дека врие во воспитно-образовните институции во Крива Паланка. Вработените се под огромни притисоци да се откажат од легитимното право на штрајк.

Знаете ли што се случува?

Власта на Груевски на дел од наставниците кои беа казнети во врска со несоодветно оценување што го покажало екстерното тестирање, сега, замислете им ги поништува одлуките за нивно казнување.

Само за да се стиши незадоволството на наставниците“, изјави на денешната прес-конференција Ратко Павловски, Советник во совет на Општина Крива Паланка.

„Освен тоа што има реакциии дека селективно се разгледуваат и се решаваат жалбите, наставници алармираат и на законски прекршувања.

Жалбите ги разгледувале и укинувале училишни одбори, иако не се тие надлежни туку Министерството за образование што го спроведува екстерното тестирање.

Исто така имаме информации дека власта преку “читачи на изјави“ наводно во име на синдикалните организации на наставниците се обидува да го задуши штрајкот.

Така, во средното училиште Ѓорче Петров, во име на вработените изјава дал наставник кој во моментот е на замена на друг колега и е неполна година во наставниот колектив.

Неколку наставници откако се изјасниле дека имаат намера да штрајкуваат во своите кабинети, биле спречени од директорот кој им одредил посебна просторија за тоа.

Ете до каде оди дрскоста, газењето на достоинството и прекршувањето на човековите и работничките права!

Во основното училиште Јоаким Крчоски, директорот, за да го спречи незадоволството на наставниците, решил да реновира неколку училници и го продолжил училишниот распуст за една недела.

Во основното училиште Илинден директорот наредил да се оди на настава, а часовите не е дозволено да се скратат ниту за пет минути во знак на протест и поддршка на колегите од другите кои штрајкуваат.

Притисокот што се прави е невиден и вака не се издржува, коментираат наставниците.

Внимателно следиме се што им се случува на наставниците , уставните и законски прекршувања и порачуваме веднаш да престанат притисоците“, рече Ратко Павловски, Советник во совет на Општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски