(ВИДЕО) СДСМ Крива Паланка: Власта вештачки создава криза со огревно дрво

Од:

„Граѓаните на Крива Паланка се соочуваат со сериозен проблем – Како да се снабдат со дрва за огрев?

За жителите на нашата општина нема дрво за огрев.

Иако има фирми-концесионери никој не знае каде завршуваат дрвата што се сечат на територијата на Крива Паланка.

Шумите се сечат, се полнат камионите со дрва и се носат надвор од општината, а кривопаланчани се оставени без дрва за огрев“, рече на денешната прес конференција Небојша Трајковски, член на Извршен Одбор на СДСМ Крива Паланка.

„Од подрачната едниница на Јавното Претпријатие Македонски шуми ги информирале граѓаните на Крива Паланка дека од почетокот на 1-ви септември, нема да примаат барања за купување на огревно дрво.

Жителите се револтирани. Доаѓа зима а не можат да купат дрво за огрев.

Ваквата ситуација дополнително се усложнува и претставува ново финансиско оптеретување на граѓаните. Недостатокот на дрва најавува многу повисоки цени за метар кубен огревно дрво, дури и до 3.500 денари.

Прашуваме,дали кризата со недостаток на огревно дрво во општина Крива Паланка всушност е за некој добро да профитира?

Очигледно борбата по профит на одредени моќници блиски до власта го создаваат овој проблем намерно, додека кривопаланчани продолжуват да живеат во неизвесност како ќе ја дочекаат претстојната зима.

Бараме надлежните институции наместо да се кријат, да излезат и не нам туку на засегнатите граѓани да им ги објаснат причините за овој вештачки создаден проблем“, изјави Небојша Трајковски, член на Извршен Одбор на СДСМ Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?