(ВИДЕО) СДСМ Крива Паланка: Силувано и малтретирано лице со посебни потреби, надлежните молчат

Од:

„Утринава околу еден часот по полноќ, на ул. Херој Карпош во Крива Паланка е пронајдено женско лице со иницијали Ј.Н. кое било голо, врзано со ланец за нозете и заклучено со катанец.

Истото, според извори од Здравствениот Дом во Крива Паланка наводно било предмет на силување, малтретирање и изживување од засега непознат сторител, бидејќи истиот на крај и ја исекол косата и ја оставил така“, рече на прес конференцијата Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

„Лицето Ј.Н. и е познато на кривопаланечката јавност по тоа што е штитеник на дневниот Центар за лица со посебни потреби и како лице кое живее без родители и е без никаква здравствена заштита и покрај епилептичните напади кои ги има многу често.
По тој повод ОО СДСМ Крива Паланка бара одговор на повеќе прашања:

Дали по однос на случајот е извршен увид на лице место од страна на полицијата и ако не е зошто е направен пропуст?

Зошто директорката на Центарот за социјални работи – Олгица Ристовска, иако запознаена не се појави на местото на настанот.

Зошто и покрај добро познатата состојба на ова лице, директорката до сега не го смести трајно лицето Ј.Н. во некоја од надлежните институции. Како тоа државата штеди на вакви случаи, а има пари за споменици и панорамски тркала.

Дали и што превзема Јавниот обвинител по однос на овој случај, бидејќи веќе се шпекулира дека сторителот и е познат на полицијата. Дали ова ќе биде уште еден случај на забошотување и сокривање на сторителите на вакви грозоморни дела.

Поради тоа бараме директорката на Центарот за социјални работи Олгица Ристовска веднаш да си поднесе оставка на функцијата, Претседателот на Советот на општина Крива Паланка да свика итна седница на општинскиот совет на која ќе бидат повикани сите надлежни.

Според законот ова е тешко кривично дело, а сторителот треба да биде откриен и соодветно казнет.

Токму поради тоа ОО СДСМ Крива Паланка, згрозена од овој настан, бара брзи одговори и експедитивност од надлежните институции и првите луѓе во нив“, изјави Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време