(ВИДЕО) СДСМ Крива Паланка: Оставка и одговорност од директорот на ЈП Комуналец

Од:

„Денеска до ОЈО Крива Паланка поднесовме кривична пријава против директорот ЈП Комуналец, Томе Тодоровски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Основано се сомневаме дека Тодоровски сторил кривично дело, злоупотреба на службена должност.

Тодоровски само во првите 6 месеци од 2016 година потрошил 245 илјади денари по кафеани и ресторани во Скопје, Куманово, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Прилеп, но и во Врање, Белград, Виена, Софија, Врњачка Бања, Предејане и многу други.

Со пари на граѓаните, директорот си купувал и фен, пегла за коса, душек…

Тодоровски ја зголеми цената за комунални услуги од 250 на 1000 денари за едно просечно 4 члено семејство.
Додека граѓаните плаќаат 4 пати повисоки сметки, Тодоровски нивните пари ги троши по кафеани и ресторани.

Наместо цела недела да молчи и да се крие, Тодоровски веднаш да си поднесе оставка и да се соочи со одговорноста за незаконското работење“, изјави Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?