(ВИДЕО) СДСМ: Кога видел Пишев портокалови фотелји во струмичкиот театар?

Од:

Кандидатот за градначалник на Струмица од редовите на владеачката партија, Васил Пишев, во својата програма за локалните избори во делот дека Владата инвестирала во културата на локално ниво, има објавено фотографија од некоја друга сала, но не од Домот на културата во Струмица, реагираа денеска од Општинската органзиација на СДСМ.

Пишев како што тврдат од партијата, во својата програма имал објавено сала во која има портокалови столчиња, кои биле донација од Владата, но во струмичкиот Дом на култура од секогаш столчињата биле зелени.

Дали воопшто имате видено ваква портокалова театарска сала во вашиот град? Кога добро познатите зелени искинати столици станаа портокалови во театарот? Од ккга оваа фотографија е доказ дека ДПМНЕ многу се потрошила за да „,донира“, за струмичките љубители на културата? И од кога владата на ДПМНЕ е донатор, ве молам внимавајте – државата донира на државна институција! Пишев, да не случајно ја имате помешано со некоја скопска сала? – праша портпаролот на општинската организација Васил Георгијевски.

Според него фактичката состојба во Домот на културата во Струмица е катастрофална. Дури 40 одсто од столчињата се неупотребливи, а од 80 рефлектори работеле само 10.

Цели 25 години нема сменето ниту боја на ѕидовите, ниту било што во делот на ентериерот. Колку за потсетување, господа од ДПМНЕ, господине Пишев – Струмица не е зелена ливада за да се прави бизнис од неа. Топло ви порачуваме – оставете ја Струмица, а зелената ливада од срце ви ја оставаме вам – истакна Георгијевски од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ ги распиша внатрепартиските избори, на 21 март членовите бираат претседател

Жарко Настоски

За Велигден, Заев во Струмица, Пендаровски во Св. Архангел Михаил

А1он

(ВИДЕО) Заев: Никогаш не сме биле Северна Кореја и нема ни да бидеме

А1он