(ВИДЕО) Весковски: Карпош е затрупан во снег, каде се потрошените 4.000.000 денари?

Од:

„Веќе трета недела од првиот снег, граѓаните на Карпош се затрупани од новиот снег што падна, од остатоци од претходно, замрзнати поради ниските температури. Сето тоа им го отежнува движењето и на луѓето и на возилата.

Речиси и да нема улица во општината којашто е целосно проодна и којашто не е закана за граѓаните.

Овде има и стари луѓе и болни, не можат да се решат леб и лекови да излезат да си купат. Да не зборуваме за возилата што се лизгаат на секој свиок.

Несовесното работење на градоначалникот Стевчо Јакимовски ја загрозува безбедноста на граѓаните!

Сакаме да потсетиме дека општина Карпош потроши 4.000.000 денари за зимско одржување на улиците. Еве официјален документ од Бирото за јавни набавки од склучениот договор.

За што ги потрошија Јакимовски и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот овие пари, ако не за расчистување на снегот?

Бараме веднаш да се исчистат улиците и тротоарите бидејќи граѓаните платија за тоа!

Временските услови ја извадија уште еднаш на површина неодговорноста на власта во заминување кон граѓаните и затоа е неопходно нивната мнозинска волја да се преточи во институциите“, изјави Душко Весковски, претседател на ОО на СДСМ – Карпош.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски