(ВИДЕО) СДСМ: Карпош е предвесник на промените, 27-ми ќе биде слобода за сите граѓани

Од:

Во преполниот скопски Карпош, вечерва се слушаа овации и аплаузи за промените и новиот почеток. Македонија сака промени, Македонија заслужува претседател, извикуваа жителите на Карпош.

Вие покажавте дека си ја сакате државата. Вие сте предвесникот на промените. Вие извојувавте двојна победа. Затоа сакам да испратам една порака од слободарски Карпош. Првата наша мерка на 27-ми април ќе биде слобода за сите граѓани на Република Македонија, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот граѓански собир во Карпош.

Да живееш во Македонија е предизвик, да се бориш за слобода  демократија и за подобра иднина е света работа. Нам ни припадна борбата за слобода, за демократија и за иднина на нашите деца и внуци.

– Ние не заслужуваме да живееме во недемократска и криминална Македонија. Затоа оваа борба ќе продолжи се додека Груевски не си замине.  За наше добро, за доброто на идните генерации, за доброто на Македонија, истакна Заев на собирот.

zaev karpos

На граѓаните на Карпош им се обрати и кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. Од Карпош упати порака до гласачите Албанци. Побара од нив да излезат на гласање во вториот круг.

Ако не излезете на гласање и во вториот круг од претедателските избори, вие недвосмислено му давате поддрша на оној за којшто велите дека не ни чини, на оној којшто Македонија ја донесе до дното на Европа и Балканот, рече Пендаровски.

sdsmKarpos22 (3)

Имаме извештај од мониторинг мисијата на ОБСЕ кој е најлошиот во последните 14 години за Република Македонија, во кој тие децидно тврдат дека е направена голема измама во првиот круг од претседателските избори. Сите државни ресурси му беа ставени на располагање на кандидатот на власта. Јас и опозицијата останавме изолирани без пристап до медиумите и без фер шанса да кажеме за што се залагаме. Затоа и со двојна победа, тоа ќе биде само една фаза во битката да ја вратиме Македонија во редот на нормалните држави, рече  Пендаровски.

sdsmKarpos22april

На граѓанскиот собир во Карпош говореа и претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија и канидат за пратеник, Стефан Богоев како и носителката на првата изборна единица, Рената Дескоска.

ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека го губи Скопје. Вашата одважност вашиот вистински избор треба да дојде до израз на 27- ми април. Нивните лажни ветувања веќе не поминуваат.  Затоа, ние нудиме концепт на економски развој, концепт на слобода и концепт на враќање на демократијата во Република Македонија, рече Дескоска.

sdsmKarpos22 (2)

Поради бизнис интересите и љубовта кон фотелјата на само еден единствен човек, Карпош згасна како ѕвезда која паѓа. Но, само година дена потоа, Карпош е повторно е на нозе. Не не скршија, не не разделија. Спремни сме за промени за нов почеток, спремни сме за победа, порача Богоев.

karpossdsm22

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“