(ВИДЕО) СДСМ: Јакимовски качува даноци во Карпош со помош на Груевски

Од:

„Стевчо Јакимовски по теркот на Никола Груевски реши да ја полни празната буџетска каса, преку грбот на граѓаните.

Градоначалникот на Карпош, Јакимовски и советниците од неговата партија поддржани од коалицискиот партнер, ВМРО-ДПМНЕ, изгласаа зголемување на данокот при продажба на имот.

По предлог на Јакимовски, висината на даночната стапка во општината се зголеми за 0,5 отсто и сега изнесува 3,5 отсто“, рече на денешната прес-конференција, Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош.

„Граѓаните на општина Карпош ќе плаќаат највисока даночна стапка на промет на недвижности во Скопје, заедно со граѓаните на општина Ѓорче Петров.

Мнозинството на Јакимовски и на Груевски во Советот на општина Карпош не го прифати барањето на СДСМ и коалициските партнери точката да се тргне од Дневниот ред. Данокот за недвижности е изгласан без опозицијата, којашто ја напушти седницата.

Укажуваме дека дополнително финансиско оптоварување на малите семејни буџети, ќе биде предлогот на Јакимовски да плаќаат данок и сите граѓани во Карпош кои имаат домашно милениче или базен.

Стевчо Јакимовски дрско удри по егзистенцијата на граѓаните во Карпош, со поддршка од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои истото им го прават на граѓаните на Македонија“, изјави Весковски.

 

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците