(ВИДЕО) СДСМ: Јакимовски ги задолжи граѓаните на Општина Карпош за 10,5 милиони евра

Од:

„Стевче Јакимовски и неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжија Општина Карпош за неверојатни 10.5 милиони евра.

Овој долг, по завршувањето на неговиот неславен мандат, Јакимовски ќе им го остави во наследство на следните генерации.

Од официјалните извештаи на Општината и завршните сметки може да се види дека само во 2016 година долгот се искачил за нови 5 милиони евра!

Непознато е каде отидоа овие пари, кога изминатата година не е изграден ниту еден објект од интерес на граѓаните.

Но затоа, само за ставката „репрезентација“, Јакимовски потрошил 140 илјади евра во 2015 и 2016 година, односно по околу 20 илјади денари дневно за гозби и ручеци од џебот на граѓаните.

Иако беа планирани 300 милиони денари за улици и патишта, потрошени се само 68 милиони денари, па затоа граѓаните имаат раскопани и непроодни улици и тротоари кои служат само за паркирање на автомобилите.

Граѓаните на парламентарните избори гласаа против корумпираните и несовесни политичари и порачаа дека сакаат одговорни власти што ќе се грижат за нивните реални проблеми и потреби.

По новата реформска Влада, доаѓа нова локална власт и во општина Карпош“ изјави Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ – Карпош на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?