(ВИДЕО) СДСМ: И по 9 години, Груевски сеуште ни зборува за идни инвестиции

Од:

„Никола Груевски дојде во Крива Паланка за да најави експресен пат од Ранковце кон Крива Паланка.

Зборуваше за тој пат што последниве 9 години зеде данок во крв. На релацијата Куманово – Крива Паланка – Деве Баир, што е меѓународен патен правец, изминативе 10 години 54 лица го загубија животот!

На овој пат се случија вкупно 874 сообраќајни незгоди. 591-на од нив, заврши со телесни повреди на патниците. 539 сообраќајки завршија со материјална штета.

И по 9 годишно владеење, Груевски сеуште ни зборува за идни инвестиции.

Ветува дека ќе ја направи пругата на релација Бељаковце – Деве Баир. Но за 9 години сеуште 1 евро немаат вложено во неа.

Тоа се фактите. Нема крупни проекти што ќе го подобрат животот на граѓаните. Или, што ќе отворат работни места за младите да не ја напуштаат Крива Паланка“, изјави Даниела Велковска, координатор на Форум на жени на СДСМ Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?