(ВИДЕО) СДСМ: И непартиски човек во игра за претседателски кандидат догодина

Од:

СДСМ заедно со опозициските партии дел од Сојузот за иднината денеска на состанок разговараа кој би можел да биде нивни кандидат на следните претседателски избори догодина напролет.

Во игра е и непартиски човек кој би работел во интерес на сите, без разлика на партиска и верска припадност изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев кој не посочи ниту едно име, но рече дека што поскоро излезат со кандидат во јавноста тоа подобро.

За предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, одлука не носел СДСМ туку владеајачката ВМРО-ДПМНЕ посочи Заев. Прочистување на избирачкиот список, вметнување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР во изборното законодавство, за Заев се услов за фер и демократски избори.

Опозицијата не бегала од изборно соочување вели Заев, но праша што добро би донеле предвремени парламентарни избори со непрочистен избирачки список.

Заев посочи дека СДСМ веќе подолго време незнае што точно преговара власта за спорот со името со Грција.

Најголемата опозициска партија според него е надвор од процесот и нема никакво влијание врз македонските позиции на меѓународен план, но истакна дека има волја кај СДСМ да помогне.

Како идеја претседателот на СДСМ ја поддржа иницијативата за директна средба на македонскиот и грчки премиер, но фокус на разговорите да биде економијата, трговската размена и општествените проблеми на двете земји. Според него со ваква средба ќе се подобреле односите со јужниот сосед, па дури потоа ќе можело да се разговара за две деценискиот проблем со името.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

„Идеа Лаб“: Успешно го организираниот ЕМОФ, за кого добивме потврда лично од претседателот на Европскиот олимписки комитет

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја избриша лажната фотографија – Лефков и Мицкоски јавно да се извинат за лагите

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

За младите на Олимпијадата немало пари, ама имало за ПР агенции на власта, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот