(ВИДЕО) СДСМ: Груевски носи незаконски одлуки за Центар

Од:

Советниците на СДСМ во Советот на Општина Центар денес поднесуваат Tужба до Управниот суд на РМ, поради мешањето на Никола Груевски во ингеренциите на општината.
Одлуката на Владата за утврдување на градби од посебен интерес за изработка на урбанистичко планска документација (Службен весник бр.126/2015) е спротивна на Уставот и ги попречува надлежностите на општина Центар, рече Билјана Чурилова, советничка во oпштина Центар.

Владата како градби од посебен интерес утврдила рамки за градежните парцели број 2.1 и 3.1 определени во Деталниот урбанистички план „Градска четврт Дебар Маало 1“, донесен со Одлука на Советот на Општина Центар ( број 07 – 9816/4 од 21.12.2012 година).

Советниците на СДСМ ги бранат интересите на граѓаните на Центар.

Граѓаните на Центар, непосредно и преку своите директно избрани претставници, мора да учествуваат во одлучувањето, а општината мора да биде самостојна во вршењето на надлежностите, согласно Уставот и согласно Законот за локалната самоуправа.

Со Законот за локалната самоуправа е недвосмислено пропишано дека надлежностите на општините се целосни и не смеат да бидат одземени или ограничени.

Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање недвосмилено е јасно дека за тој простор одлучува Општина Центар преку донесување на детален урбанистички план.

Нема да дозволиме Никола Груевски да ги узурпира ингеренциите на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски