(ВИДЕО) СДСМ: Груевски го плаши вистината

Од:

Став на СДСМ за повлекувањето на Никола Груевски, во врска со барања на наставниците по што е прекинат штрајкот во образованието и околу спорните измени на Законот за високо образование

Радмила Шекеринска: Паничната реакција на Груевски, подигањето на температурата во Република Македонија, меѓу другото, им испрати сигнал на сите граѓани во оваа држава, дека Никола Груевски најпосле е тој којшто се плаши.

Погледнете што се случува денеска, вчера, претходните денови и сé ќе ви стане јасно. Човекот кој тврдеше дека штрајк во образованието не постои, премиерот кој велеше дека нема намера да разговара за одлагање на наводните реформи во високото образование, во последниве четири дена ги погази сите свои коментари.
Луѓето коишто ги навредуваше, ги обвинуваше дека работат за опозицијата, ги напаѓаше преку своите мегафони, овие денови ги кани еден по еден во својот кабинет.

Тоа покажува дека Никола Груевски го плаши вистината и тоа покажува дека оваа стратегија со сите нејзини плусеви, минуси и ризици, вродува со плод. Што би рекол еден од луѓето коишто коментираат овие денови, уште не се објавени доказите, а јавноста гледа дека многу има премиерот да скрие.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски