(ВИДЕО) СДСМ: Груевски да го пренасочи стравот од штрајкот во дијалог со наставниците

Од:

Во многу училишта низ Македонија деновиве се врши голем притисок врз членовите на СОНК да не излезат на закажаниот штрајк на наставниците, најавен за 29 септември. Груевски наместо да се сврти кон проблемите што го создаде, тој посегна по притисоци врз членовите на синдикатот. Ова е само доказ дека Владата е таа што се плаши од штрајкот и се труди по секоја цена штрајкот да го спречи, рече Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ.

Во продолжение тој рече:

Ги подржуваме барањата на Синдикатот за образование, наука и култура.

Причините за најавениот штрајк во основното и средното образование се резултат исклучиво на погрешните политики што во изминатите години ги применува Владата на Груевски:

-воведување казни за наставниците поради есктерното тестирање,
-воведување високи казни за административни пропусти,
-притисоците на коишто се ставени наставниците да бранат избрзани експерименти, таканаречени реформи, пред нервозните ученици и родители,
-експресните законски измени со коишто власта го погази легитимното право на штрајк, загарантирано со Устав и со потпишаните меѓународни конвенции.

Барањата на СОНК се дел од Програмата на СДСМ во сферата на образованието: разумни и реални, за враќање на достоинството во образовниот процес.

Апелираме, веднаш да престанат притисоците врз наставниците и да започне дијалог помеѓу Владата и претставниците на СОНК.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните