(ВИДЕО) СДСМ: Градоначалникот Трајковски да поднесе оставка и да побара повлекување на аболицијата од Иванов

Од:

„Објавувањето на случајот ТНТ на независната институција СЈО, потврди дека рушењето на Космос, нарачано од Никола Груевски и Миле Јанакиески, е реализирано од градоначалникот Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста е згрозена од незаконското и криминално работење на аболицираниот градоначалник Тони Трајковски“, рече Дарио Николовски, советник и координатор на советничката група на СДСМ во Гази Баба.

„Бараме аболицираниот градоначалник Тони Трајковски веднаш да си поднесе оставка. Човек што учествувал во криминални активности не може да ја води општина Гази Баба.

Дополнително, Тони Трајковски треба да побара повлекување на аболицијата од Ѓорге Иванов за институциите да можат да спроведат законска постапка.

Одговарност за рушењето на станбено деловниот објект Космос мора да има за секој што го прекршил законот.

Бидејки помилуваните политичари не можат кривично да се гонат, отворени се истраги и се осумничено 4-ца вработени во општината.

Градежната испекторка Елизабета Најдовска е осомничена за злоупотреба на службената положбапоради што изготвила несодветно решение за уривање.

Осомничени се и 3-ца членови на Општинската комисија за јавни набавки затоа што во итна и постапка за 3 милиона денари избрале изведувач на уривање со динамит иако не ги исполнувал условите за таква дејност.

За сите злоупотреби мора да следуваат соодветни законски постапки. Секој што го прекршил законот мора да одговара“, изјави Дарио Николовски.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта