(ВИДЕО) СДСМ: Град Скопје да додели парична помош на опожарените семејства во Шуто Оризари

Од:

„Трите семејства од Шуто Оризари, чии куќи изгореа во пожар се на улица. Советот на Град Скопје мора да покаже солидарност.

Бараме Советот на Град Скопје да им помогне на нашите сограѓани кои се во тешка ситуација. Станува збор за едно семејство чијашто куќа изгоре пред 10 дена и за две семејства чиишто куќи изгореа во пожар пред три дена“, изјави Сања Зинзирова.

„Бараме Советот на Град Скопје да донесе одлука за определување на еднократна паричка помош на трите семејства од по 50.000 денари. Бараме точката за определување на паричната помош да биде ставена на Дневен ред на првата наредна седница на Советот, на 28 јануари.

Мнозинството во Советот донесе бројни одлуки за милионски задолжувања и расфрлувања пари за барокни фасади и проекти, а нашата клучна обврска како советници се интересите на граѓаните. Должни сме да им помогнеме на загрозените семејства од Шуто Оризари“, рече во име на советничката група на СДСМ и коалициските партнери, Сања Зинзирова, советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“