(ВИДЕО) СДСМ: Ги поддржуваме војниците кои штрајкуваат да се реши нивниот статусот

Од:

„На очиглед на сите, овде, пред Собранието на Република Македонија со денови со глад штрајкуваат војници на АРМ. Никој од власта дошол да ги види. Никој со денови не го проверил нивното здравје.

Станува збор за припадници на Армијата на Република Македонија.

Власта не сака да го реши статусот на над 80 војници кои наполниле 38 години а не се опфатени со Законот за враќање на професионалните војници на работа“, рече Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

„Ова што се случува со Армијата е голем срам за државата. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ го газат достоинството на професионалните војници.

Пари за армијата нема, војниците немаат облака, немаат чизми. Партиската припадност е поважна од професионалноста. Се случуваат кадровски чистки.

На овие професионалци мора да им биде решен статусот, да бидат ангажирани како и нивните колеги.

СДСМ ја поддржува иницијативата поднесена во Собранието на РМ од поранешните професионални војници за рашавање на нивниот статус.

СДСМ по промената на власта ќе ги издигне одбрамбените државни капацитети, одбраната ќе ја деполитизираме. Професионалноста а не политичката лојалност мора да биде главниот услов за напредување во служба.

Денеска ги посетивме војниците коишто овде штрајкуваат со глад, им понудивме помош во ќебиња, вода, лекови, топла облека и во се што можеме“, рече Максим Димитриевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот