(ВИДЕО) СДСМ Гази Баба: Последиците од поплавите во Гази Баба се случија поради неодговорност на кадри од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Две години од катастрофалните поплави во општина Гази Баба, кои одзедоа 24 човечки животи, граѓаните од Стајковци, Сингелиќ, Црешево, Инџиково, Брњарци, Виниче, Смилковци, упатуваат порака: не смее да се заборави за никогаш да не се повтори.

Невремето не можеше да се спречи, но поплавите кои однесоа голем број човечки жртви се случија поради неодговорност на првите луѓе во градот Скопје, општината, и државните институции, тогаш сите предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски не ги презеде мерките за одржување на ободниот канал за одводнување“, изјави Александар Димитријевиќ од општинска организација СДСМ -Гази Баба.

„Запоставени беа каналите на потегот од Камник, Сингелиќ, Стајковци, Брњарци и Арачиново.

Несредените речни корита на водотеците од Скопска Црна Гора, кои доаѓаат од Раштак, Булачани, Црешево, Виниче, Страчинци и Брњарци беа оставени на целосно негрижа.

Ерозијата на земјиштето на Скопска Црна Гора се предизвика од неконтролирано сечење на дрвната маса.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заглавена во криминални шеми за богатење на фамилијата не инвестираше во инфраструктурата и целосно погрешно дејствуваше за време на поплавите. Граѓаните беа оставени сами на себе.

Бројните доброволци, граѓани, активисти, здруженија, помогнаа да не се случи уште поголема катастрофа, за што граѓаните на Гази Баба се посебно благодарни.

Денеска, по промените, каналите и каналните мрежи се чисти. Општината и надлежните министерства преземаат мерки за нов ободен канал над северната заобиколница.

Шумите на Скопска Црна Гора се прогласени за заштитено ерозивно подрачје со што ќе се спречи натамошната сеча.

СДСМ презема одговорност, никогаш да не се повтори институциите да не делуваат за заштита пред поплавите, да не се случи недостаток на инвестиции во инфраструктурата, да не се случи каналите да бидат неисчистени, да нема погрешно дејствување за време на поплава“, рече Александар Димитријевиќ од општинска организација СДСМ -Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поплавите во Романија одзедоа три животи

А1он