(ВИДЕО) СДСМ: Европската порака е пратена, Македонија е тргната по опасен пат

Од:

„Власта ја доведе Македонија во ќорсокак. Тоа денес го потврди и Европската комисија.

Извештајот е драматично покритичен во однос на истиот минатата година. Оценките се драстично полоши во однос на сите од соседството. Ова не е извештај за напредок, туку извештај на назадување и растечка загриженост.

Ќорсокак, владин неуспех, назадување, чекори назад – тоа се зборовите кои доминираат во само една страна на резимето за Македонија“, изјави на денешната прес-конференција, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

„Владините неуспеси во клучни области ги загрозуваат реформите, со видливо НАЗАДУВАЊЕ во некои области.

Се зголемува ПОЛИТИЗАЦИЈАТА на државните институции и ВЛАДИНАТА КОНТРОЛА врз медиумите. Постои сериозна загриженост поради владината контрола врз јавните институции и медиумите.

Селективна правда… Ситуацијата со медиумските слободи продолжува да се ВЛОШУВА.

Веродостојни докази за притисок врз вработените во администрацијата за време на изборите.

Растечки долг и неплатени владини обврски кон фирмите. Корупцијата останува сериозен проблем.

И како резиме: ЕК жали за НАЗАДУВАЊЕТО во последнава година.

Она што порано ЕК го кажуваше срамежливо, сега се критикува јасно, гласно и директно. И нема дилеми кој ја носи одговорноста за ваквите состојби.  Нема веќе дипломатски ракавици, нема завиени формулации. Европската порака е пратена: Македонија е тргната по опасен пат.

Препораката е условена: власта мора да се справи со растечката политизација, зависното судство и слободата на медиумите за да се зачува европската шанса.

СДСМ ја дели загриженоста на македонските граѓани, а сега и на Европската комисија за катастрофалните тенденции во државата (судство, администрација, медиуми, јавен долг).

Кога истиве работи ги говореше СДСМ, велеа дека измислуваме и преувеличуваме. Кога сега тоа го пишува Европската комисија, најверојатно нема да го читаат и ќе го премолчуваат.

Фактот дека ова говори за целосниот дебакл на Владата на Груевски на домашен и европски план не ни олеснува, туку не мобилизира.

Ќе продолжиме да говориме на овие теми и покрај молкот на власта. Ќе продолжиме да ја вршиме нашата задача и да инсистираме на клучните 5 теми на кои власта, особено по овој Извештај, има обврска да преговара: медиуми, двоење на државата од партијата, попис, чесен изборен процес  и техничка влада која ќе го овозможи тоа“, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа