(ВИДЕО) СДСМ: Ендокринологија испратила алармантно писмо за инсулинот, Груевски и Тодоров кријат?

Од:

Бараме Никола Груевски и Никола Тодоров да кажат дали од Клиниката за ендокринологија е испратено алармантно писмо до Министерството за здравство? Дали во тоа писмо лекарите од Ендокринологија му напишале на Никола Тодоров дека не се согласуваат со начинот на промена на инсулинската терапија на дијабетичарите, што им ја наложува Владата на Груевски, вели Д-р Гоце Чакаровски, претседател на Комисија за здравство на СДСМ.

Во продолжение тој рече:

Ако е така, дали Груевски вчера ги излажа дијабетичарите дека според консултациите што ги имал со експертите, дозволива била наглата промена на инсулинската терапија, што ја прави власта?

По вчерашното интервју на Никола Груевски, уште еднаш ние граѓаните се уверивме дека за Груевски и за ВМРО-ДПМНЕ се е тендер, па и здравјето на пациентите.

Од Груевски не дознавме зошто неговата Влада и неговиот министер Никола Тодоров, ги оставија дијабетичарите без инсулинот што го примаат.

Груевски говореше за тендери, калкулации, фирми, за суми.

Не кажа зошто за годинава биле набавени помали количини од потребниот инсулин.

Не коментираше за големиот круг што го вртат околу 24 илјади дијабетичари, меѓу нив и бремени жени и деца, во услови на инсулинска криза:

Кај матичен лекар, по упат за специјалист.

На специјалист, кога ќе им дојде ред според “Мој термин“ на Тодоров.

Таму, им се препишува замена за нивниот инсулин.

Со тој рецепт одат во инсулинска аптека. И потоа Господ да им е на помош.

Ни од Груевски ни од Тодоров не слушнавме што имаат да кажат на укажувањата на дијабетолозите дека за внесување нов инсулин во организмот е потребен период од 3 – 6 месеци.

СДСМ бара власта веднаш да им обезбеди соодветен инсулин на пациентите. Одговорноста од непосакуваните последници ќе биде лично на Тодоров и Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата