(ВИДЕО) СДСМ: Експериментот стигна на факултетите, егото на Груевски е над сé

Од:

„Министерството за образование наместо да го повлече проектот за надворешно оценување или т.н. државен испит, продолжува тврдоглаво да го турка“, изјави на денешната прес-конференција, Петар Атанасов, член на Извршниот одбор на СДСМ и претседател на Комисијата за образование и наука.

„Еве го предлогот на Владата за проверка на знаењата на студентите преку надворешно оценување, на само две страници.

Испитот ќе содржи по пет прашања од сите предмети за секоја наставна година и со различно ниво на сложеност.

Со ова паѓаат во вода тврдењата дека Владата била отворена за дебата. Да беше така ќе ја слушнеа дебатата што се одвиваше пред факултетите, во некои од јавните гласила, на социјалните мрежи, во неформалните разговори.

Имено, ако ги отвореа вратите зад коишто самите го напишаа овој несериозен експеримент, веќе требаше да се повлечат од него.

Груевски вели најлесно било да се повлечат. Не е најлесно. Тоа е најтешкото нешто за суетата на Никола Груевски.

Од неговите образовни експерименти плачат првачињата.

Од хаотичното екстерно во основните и средните училишта нема резултати.

Има само проекти што имаат една цел: казни.

Владата и Министерството веќе ја имаат нарушено автономијата на универзитетот со многуте измени на ЗВО, без никаква дебата и јавна расправа.

Последен пат со празен парламент и тоа на 23 јануари, еден месец по црниот декември. Грубо го прекршија членот 46 од Уставот на Република Македонија што ја гарантира автономијата, како и членовите 11, 12 и 13 од Законот за високо образование.

Оспорени се: самостојното уредување на внатрешната организација и работењето, утврдувањето на правилата за студирање и утврдувањето на условите и критериумите за студии од прв, втор и трет циклус.

Но, и понатаму ништо не е поважно од егото на премиерот и тесната група околу него.

Дали е тоа машки, ако треба да говориме со речникот на Груевски“, праша Петар Атанасов, член на Извршниот одбор на СДСМ и претседател на Комисијата за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?