(ВИДЕО) СДСМ: Две АФИС машини нема, документи ги разоткриваат Јанкулоска и врвот на МВР?

Од:

Повеќедневниот партиски притисок и медиумската пропаганда на владините функционери, МВР и ВМРО-ДПМНЕ, врз ЈО и здравата логика на граѓаните, го потврдија фактот дека во РМ нема независни институции. Истрагата за сомневањата за сторен криминал не беа приоритет на надлежните институции, туку задача на провладините медиуми, рече Фросина Ременски на прес конференција.

Во медиумското манипулирање со доказите за аферата „фабрика за пасоши“, Гордана Јанкуловска свесно избега од аргументите за криминал, сторен со нејзино знаење. Тоа во јавна изјава го потврди и поранешниот декан на Факултетот за безбедност кој кажа дека, „Министерката и врвот на МВР знаеле за проектот …“.

За каков проект знаеле Јанкулоска и врвот на МВР?

Ова е прашањето кое повеќе од година и пол го мачи Јавното обвинителство за организиран криминал, кое во отсуство на волја од страна на МВР да се самоистражи, го одлага одлучувањето по кривичната пријава за:

свесно и организирано изигрување на тендерската постапка на Министерството за образование и наука, преку давање на лажни податоци за институцијата апликант на владиниот оглас за „Опремување на лабаратории за државните високообразовни институции и јавни научни установи“;

противзаконско искористување на средства од буџетска ставка на МОН од страна на МВР, преку фингирана постапка за добивање на опрема вредна повеќе од 3,2 милиони евра;

за злоупотреба на службена положба и овластувања, противправно посредување, прикривање и непријавување на кривично дело.

Јавното обвинителство за организиран криминал треба да ги оцени доказите и да истражи дали пријавените, постапувале законски кога:

1. Во 2010 година, (по претходнен договор за свесно изигрување на тендерската постапка на МОН, помеѓу врвот на МВР, МОН и Деканот на Факултетот за безбедност), Деканот на Факултетот во корист на МВР аплицирал со осум елаборати, од кој и Елаборат со тендерска спецификација за опремување на непостоечка Лабараторија за криминалистичка регистрација и идентификација со Автоматизиран систем за идентификација преку траги од папиларни линии или популарно наречен АФИС систем.

Presentation-AFIS-1

2. Како, во објавениот повик за јавна набавка во 2010 година и доделениот договор за јавна набавка во 2011 година, тежок 2,5 милиони евра, МОН како договорна страна, објавува Оглас за набавка на лабараторија за криминалистичка регистрација и идентификација. Станува збор за две лабаратории за МРТ и една лабараторија за Факултет за безбедност. Од кога МРТ е јавна научна установа и може да користи буџетски средства за техничко опремување со средства од потпрограма на МОН?

Presentation-AFIS-2

3. Зошто во Записникот за примопредавање на лабараторијата за криминалистичка регистрација и идентификација (АФИС), наместо овластениот претставник од Факултетот за безбедност, како посочен краен корисник, се јавува началникот на Одделот за Криминалистичка техника при МВР, претставникот на фирмата добавувач и неидентификувано лице од МОН? Дали ова не е уште една потврда дека, МОН, Јанкулоска и врвот на МВР, знаеле за изигрувањето на процедурите?

Presentation-AFIS-3

4. Зошто 6 месеци по предавањето на лабараторија (АФИС) во МВР, Владата на РМ, само ден по “Црниот понеделник“ во Парламентот, на седницата на 25.12.2012 година, носи фиктивна Одлука со којашто веќе предадената лабараторијата на МВР, ја доделува на трајно користење без надомест на Факултетот за безбедност? Дали оваа фиктивна одлука е дел од постапката за прикривање на незаконитите постапки и уште една потврда за изигрувањето на процедурите?

Presentation-AFIS-4

5. Зошто седум месеци по поднесувањето на кривичната пријава и доказите до ЈО за организиран криминал, Гордана Јанкуловска и Спиро Ристовски потпишуваат Договор за користење на опремата за криминалистичка регистрација и идентификација (АФИС), во иста вредност како и вредноста на јавната набавка од 151.877.850 денари или близу 2,5 милиони евра? Дали мислеа дека со тоа, ќе ги прикријат незаконските дејствија на министерствата што ги водат и свесното изигрување на правилата и процедурите?

Presentation-AFIS-5

6. Дали се основани сомнавањата за исчезнати две лабаратории за криминалистичка регистрација и идентификација (АФИС) за МРТ?

Presentation-AFIS-7

Склучениот договор за доделување на јавната набавка и договорот за јавната набавка помеѓу МОН и фирмата добавувач е во висина од 151.877.850 денари, или близу 2,5 милиони евра. Во официјален одговор на МВР, на прашањето колку чини опремата од Одлуката на Владата, 4 месеци по договорот, е дека, вредноста на опремата изнесувала 45.085.519 денари или 737.292 евра. Ова е три пати помала сума од вредноста на јавната набавка.

Presentation-AFIS-8

Тогаш каде исчезнаа 1.748.434 евра ?

Според сето ова, дали вредноста на договорот за јавната набавка се однесува на еден или на три лабаратории АФИС, онака како што објави Бирото за јавни набавки – две лабаратории за МРТ и една за Факултетот за безбедност??

7. Ако лабараторијата за криминалистичка регистрација и идентификација (АФИС), според Записникот е предадена во МВР на 01.08.2012 година, зошто тогаш, МВР опремата книговодствено ја заведува дури 18 месеци подоцна, односно на 31.12.2013 година? Што значи 18 месечното книговодствено неевидентирање на опремата?

Presentation-AFIS-9
Ако се има предвид сето ова оправдано е сомневањето дека МВР ќе има доблест да ја истражи улогата на Јанкулоска и врвот на МВР во проектот со кој се изиграни законските процедури за јавни набавки во образованието, а, “за коишто знаеле“?

Го повикуваме ЈО за организиран криминал, да одолее на партиските притисоци и да постапи по кривичната пријава која ја разгледува повеќе од 1,5 година.

Ги повикуваме актерите од МВР и МОН, да се воздржат од притисоци и да не се затскриваат зад медиумски прилози во кои новинари ја „вештачат“ чесноста на нивните постапки.

Presentation-AFIS-10

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он