(ВИДЕО) СДСМ до Пишев: Во Струмица нема ваши дела

Од:

За да се појавиш со отчет пред јавноста, пред сè треба да имаш образ, уште повеќе кога се работи за отчет пред своите сограѓани. Основни постулати за отчет се чист труд и влог зад себе. Меѓутоа, ова за гoсподата Пишев и Гошев, како и за цела нивна фамилија – не важи.

Ова е реакцијата на портпаролот на струмичката организација на СДСМ, Васил Георгијевски, откако кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, го презентираше отчетот на својата партија за дел од инвестициите во Општина Струмица.

– Која реконструкција господа од ДПМНЕ ја имате направено во музичкото училиште? Вие и целата ваша гарнитура како да не живеете во овој град. Прашајте ги вашите сопартијци и ќе ви кажат оти не станува збор за никаква реконструкција, напротив, станува збор за дрска конструкција од куп лаги. Еве ги нашите факти! Парното во музичкото е поставено во далечната 94-та година, сите прозорци и тоа алуминиумски, се направени од сопствени средства на училиштето, преку ваша блиска фирма се направени сите врати, пак со пари на училиштето, исто како и подот – истакна Георгијевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски