(ВИДЕО) СДСМ: Децата мрзнат во ладни училници, а власта молчи

Од:

„Големите долгови доведоа до сериозни проблеми во средните и основните училишта кои се повеќе се усложнуваат. Ширум Македонија се зголемува бројот на ученици кои не одат на училиште или се смрзнуваат во ладни училници.

Охридските и струшките училишта немаат ниту струја, ниту нафта за греење. Учениците или седат дома или одат со скратени часови и мрзнат во училниците.  Во Кичево над 1.200 ученици седат дома и не следат настава повеќе од 3 недели бидејќи нема нафта за греење, а дел од училиштата се исклучени од струја.  Најавени се исклучувања од струја и на други училишта.

Греење нема ниту во училиштата во Карпош, Тетово и во други градови, а проблеми има и со превозот на учениците“, изјави на денешната прес-конференција Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа.

„Ладни училници, ладни ходници, ладни тоалети, пешки до училиште по дожд, на ладно, ете во такви услови учат децата во Република Македонија, во 21 век.

Еве ги причините:

–      Недостиг на пари кај општините поради недоволниот пренос на средства од државниот буџет.

–      Неодговорен однос на градоначалниците од владејачките партии кои недомаќински се расфрлаат со парите.

–      Владата буквално им украде една наменска дотација на општините во 2011, пари што им се драгоцени на општините.

–      Блок дотациите за образование не го следат порастот на цените на нафтата и порастот на цената на струјата.

–      Власта го зголеми бројот на вработени во основните и средните училишта со над 3.000 партиски кадри, во време кога бројот на учениците се намали за 32.000.

Ниту еден од градоначалниците на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не проговори што ќе превземе за решавање на проблемите. Молчи и владата која е најповикана да реагира. Тоа е недозволиво.

Во име на граѓаните, родителите и учениците СДСМ бара:

1. Владата и градоначалниците итно да седнат и најдат решение за катастрофалната состојба.

2. Владата да ги превземе  долговите на општините настанати пред 1996 година за експропријација на државно земјиште.

3. Владата на општините итно да им ја исплати наменска дотација што им ја укрде во 2011 година.

4. Владата и ЗЕЛС, согласно законот, да започнат буџетски преговори за висината на наменските дотации за 2015 година, земајќи го во предвид порастот на цените.

5. Градоначалниците да предложат измени и дополнувања на општинските буџети за пренамена на средства во буџетите за плаќање на долговите.

6. Владата да ги зголеми средствата за превоз на учениците во средното образование.

7. Конечно, власта на Никола Груевски да ја сфати сериозноста на проблемот и да прекине со прекумерното партиско вработување во училиштата.

Само итно превземање на овие мерки ќе спречат дополнителна ескалација на проблемите“, рече Дејан Павлески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани

Мицкоски им се извини на пратениците за хаосот во Собранието, СДСМ му прача да и се извини на јавноста

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ