(ВИДЕО) СДСМ: Дали власта е вмешана во огромен криминал со тутун и цигари на црно?

Од:

„Министерството за земјоделство го призна скандалот што го обелодени СДСМ. Во Могила, на 60 хектари земјиште, се одгледува тутун на црно.

Но еве што се друго премолча пред јавноста Министерството за земјоделство:

-Дека, само на овие 60 хектари, незаконски се произведуваат околу 130 тони тутун, од видот Вирџинија.

-Дека вкупната пазарната вредност на овој тутун, според информациите од терен, е близу МИЛИОН ЕВРА.

Кај кого завршуваат овие пари?

tytyn18sep (1)

На кого му е дозволено да одгледува, продава и заработува од тутун на црно?

Ние денеска аргументирано ќе побараме власта да признае:

Дали од тутунот на црно во Могила веќе 5-та година се богати екс градоначалникот на општина Могила од ВМРО-ДПМНЕ, Велевски Славко? Велевски, на кого Груевски му довери 16 години градоначалнички мандат“, рече Александар Кирацовски, потпретседател.

„Еве имотни листови, со денешен датум, од земјиштата каде  Велевски на околу 9.500 м2 произведува тутунот на црно.

Дали на вакви големи површини, на црно произведува тутун Пресилски Злате, вработен во Подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола?

Еве Имотен лист, со денешен датум, за земјиштата во илјадници метри квадратни,  што се пријавени за наводнување во Ј.П Стрежево – Битола под име на Пресилски.

На граѓаните кои чесно плаќаат давачки кон државата, власта мора да им каже:

Кој го откупува тутунот на црно? Кој го транспортира на црно? Дали се прават цигари на црно? Кој ги пакува, кој ги продава и каде?

tytyn18sep (3)

Дали луѓе блиски до власта намамиле чесни земјоделци од Могила, кои не знаејќи во што се впуштаат, засадиле од тутунот? За тутунот Вирџинија нема откупни центри. Се оди на црно.

Како е можно Државниот инспекторат за земјоделство и МВР повеќе од пет години да не знаат што се прави во околината на Могила?

tytyn18sep (2)

Чесните граѓани на Република Македонија и чесните тутунари кои макотрпно го заработуваат парчето леб чекаат одговор: 

Дали во Македонија се случува огромен криминал со тутун и цигари во којшто е вмешана власта“, изјави Александар Кирацовски, потпретседател.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски