(ВИДЕО) СДСМ: Дали Ангел Петковски е жртва на нефункционирањето на правната држава и институциите во Македонија?

Од:

„СДСМ повеќепати бараше вонредна седница за ситуацијата во Ѓорче Петров, но за власта поголем приоритет беа други прашања.

Ваквиот несериозен однос на власта на Никола Груевски кон проблемите на граѓаните, доведува до критични ситуации од коишто најголема штета трпат граѓаните. Што навистина се случи во Ѓорче Петров?

Дали 18-годишниот Ангел Петковски е жртва на нефункционирањето на правната држава и на институциите во Македонија? Ова се прашања што сметавме дека треба да добијат свој одговор“, изјави  координаторката на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Ѓорче Петров, Снежана Ангеловска – Трајковска.

„Граѓаните на Ѓорче Петров со години пријавуваат кражби. Институциите речиси и да не реагираат. Општина Ѓорче Петров предничи пред другите општини во однос на кривичните дела, тешки кражби.

Во Извештајот за работата на полициската станица Ѓорче Петров, што Советот на општината го усвои пред три месеци без гласовите на советничката група на СДСМ, нерегуларно избраниот ВД командир самиот признава дека вкупниот број на тешки кражби за 2013 година изнесува 774!

Тоа се просечно по 2 тешки кражби дневно!

Дали нефункционалноста на полициската станица во Ѓорче Петров, во заштитата на имотот на граѓаните и нивната безбедност ги остава тие правдата да ја преземат во свои раце?

Дали полицијата во оваа општина, за време на протестите, ги пречекори своите овластувања кон граѓаните и медиумите?

Дали општината Ѓорче Петров има стратегија како да ги смири тензиите во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната национална, етничка или друга припадност?

Зошто и покрај случувањата во Ѓорче Петров, градоначалникот Сокол Митревски не го свика Локалниот совет за превенција на којшто треба да ги образложи причините за состојбите во општината и мерките за справување со последиците? Ова е обврска на градоначалникот Сокол Митревски, на полицијата и на Советот на општината.

Поради несериозниот однос на власта на Никола Груевски и локалната власт на Сокол Митревски, овие прашања во Ѓорче Петров до денеска останаа неодговорени.

Апелираме проблемите да се решаваат навреме, а не да се пикаат под тепих, за да се вадат секогаш кога власта има политички интерес од тоа“, рече  координаторката на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Ѓорче Петров, Снежана Ангеловска – Трајковска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он