(ВИДЕО) СДСМ: Чекаме ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни за една изборна единица

Од:

СДСМ чека опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни за промена на изборниот систем во една изборна единица во преговорите меѓу работните групи за измени на изборното законодавство. Пратеникот од СДСМ, Бетијане Китев, го повтори ставот на СДСМ дека партијата не отстапува од своите заложби за промена на изборниот модел и воведување гласање со отворени листи.

– Очекуваме да се изјасни ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање. Ние се залагаме да се трансформира сегашното гласање од неколку изборни единици во една, а граѓаните да имаат право и на преференцијално гласање. Но, за тоа да се случи, се разбира, потребна е согласност од сите партии. Сè додека ВМРО-ДПМНЕ калкулира и тактизира, немаме одговор – вели Китев.

Во однос на прашањето за предвремени парламентарни избори, Китев посочи дека во моментот нема услови за тоа.

– Услови не постојат, но ако се создадат и ако водствата на политичките партии мислат дека тоа е најдобро решение, СДСМ и коалицијата се подготвени и можеме да одиме на избори – додаде Китев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски