(ВИДЕО) СДСМ: Чаирчани изненадени колку фантомци нашле во Избирачкиот список

Од:

„Моите родители се починати од 2012 година, а се уште ги има во Избирачкиот список“. Ова беше еден од случаите за фантомски гласачи што ги слушнаа Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии и Едмонд Адеми, член на Извршниот одбор на СДСМ, кои синоќа беа на средби со жителите на Чаир, соопштуваат од СДСМ.

Граѓаните на Чаир се соочуваат со истите проблеми како граѓаните во сите други делови на Скопје и Македонија: тешко излегуваат на крај со егзистенцијата, многумина од нив се невработени. Но актуелна тема за сите, во овој момент се фантомските гласачи во Избирачкиот список. Впечатливо е нивното изненадување колку неправилности самите нашле во списокот.

-Токму ваквите илјадници фантомски гласачи кои секојдневно се разоткриваат и милионите евра пари на граѓаните што власта на Груевски ги истура на медиумите под контрола за да ја фингира реалноста се само некои од многуте докази дека актуелната 10 годишна власт на криминални избори ја крадела слободната волја на граѓаните. Затоа Уставниот суд се обидува да го штити грбот на криминалната група којашто владее на нечесен начин, бидејки оваа институција е исто така узурпирана од нив. Но бидете сигурни, од правдата нема да избегаат, во Македонија мора да има фер избори со чист Избирачки список и слободни медиуми, а `се што земале од граѓаните ќе мора да вратат, рече Наумов.

Луѓето реагираат околу информациите за невработеноста. Велат – тие се мачат со невработеност, гледаат соседи, пријатели невработени, дека со истиот проблем се соочуваат нивни блиски од соседството, познаници од општината, а на телевизија друго се кажува.

-Тоа е доказ дека е неопходна медиумска регулација, за граѓаните да можат да бидат објективно информирани, какво што право имаат по закон. Мораме да ги ослободиме институциите да почнат да работат во интерес на граѓаните, а не да ја правдаат и штитат власта. Имате право за манипулациите со податоците за невработеноста што ги пласираат преку Државниот завод за статистика. Ако навистина се намалила невработеноста, тогаш дупката во Пензискиот фонд требаше да се намалува, а не да го достигне историски највисокото ниво од 369 милиони евра, за што алармираше и Светска банка во својот последен извештај, рече Наумов.

Наумов објасни дека граѓаните и државата економски ќе зајакнат преку големата државна помош што ќе ја даде новата одговорна Влада на домашните претпријатија, којашто на фер избори ќе добие чест да ја предводи СДСМ.

-Со вистинската грижа за домашните претпријатија ќе обезбедиме реален економски раст, реални вработувања за младите и сигурни пензии за постарите. А ќе обезбедиме и услови за реални странски инвестиции, порача Кире Наумов при синоќешната посета на претставниците на СДСМ во скопската општина Чаир.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица